Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17480

ВИДЕО: Граѓаните пријавиле болки во главата и печење на очите од излевањето на опасната токсична материја во „Охис“

$
0
0

Излевањето на високотоксичната хемикалија во фабриката „Охис“ во полиција го пријавиле граѓани пред околу три часа, кои не знаеле што се случува, но осетиле непријатна миризба, болки во главата и печење во очите и во грлото. Од МВР за „А1он“ велат дека нивни екипи се излезени на терен и дека се уште се утврдува како настанало излевањето на опасната токсична материја од цистерната во „Охис“.

Граѓаните кои ги затекнавме на лице место одбиваа да дадат изјава пред камера.

Во објектот во моментов се присутни екипи од Министерството за животна средина, противпожарните екипи веќе го напуштија теренот, а пристигнаа и екипи од МВР за да земат материјали за анализа.

(Во живо) Високотоксична хемикалија се излеа во „Охис“

(Во живо) Високотоксична хемикалија се излеа во „Охис“

Posted by A1on.mk on Петок, 08 ноември 2019

„Засега знаеме само дека станува збор за хемикалија која се користела за производство на детергенти. Инспекторите се на терен и кога ќе завршат со увид ќе излеземе со официјална информација за фактичката состојба“, изјавија за „А1он“ од Министерството за животна средина.

Влезот за новинарските екипи се уште е забранет.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17480

Trending Articles