Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

Инспекторатот изврши контрола во ОХИС –се излеале 6 тони вода при миење цистерна со хемикалии

$
0
0

При миење цистерна, во која требало да се изнесе метил акрилат мономер надвор од државата како опасен отпад, пукнала цевка и на тој начин се излеале 6 тони води со елементи на опасната хемикалија во ОХИС, вели Пејо Кировски, раководител на одделението за инспекциски надзор на животната средина, објави Макфакс.

Тој не може да потврди колку е ова опасно за граѓаните и вели дека тоа ќе го испитаат надлежните институции. Подготовката за извозот ја вршела фирмата избрана на тендер „Екоцентар 97“.

Течноста се излеала во бетонската када, специјално изработена за таа намена, која се наоѓа на отворен простор и така фактички се раширил непријатниот мирис на кој реагирале граѓаните. Се миеле ѕидовите на цистерната за таа да биде деконтаминирана, но се случило да пукне цевката и водата да се излее. „Со анализи надвор од земјава треба да се утврди колкави елементи на метил акрилат мономер имало во водата“, вели Кировски.

Случајот со излевањето на цистерната од ОХИС во МВР го пријавиле граѓани што почувствувале главоболки, печење во грлото и очите. Тие веднаш за случајот ја информирале и скопската полиција по што попладнево беше извршен увид на местото на инцидентот, а беше повикана и Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на АРМ.

Инспектори на Општина Кисела Вода, Град Скопје и од Државниот инспекторат за животна средина и екипа на Министерството за внатрешни работи вршеа увид во кругот на фабриката ОХИС, каде што попладнево се излеала водата при чистење на цистерната, во која претходно била складирана хемикалија.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

Trending Articles