Откако пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се потпишаа на демант на изјавата на Исмајлоска Старова која кажа дека дека услов за да бидат на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 било да бидат спремни да гласаат за промена на името, може да се забележи дека на листата го нема името на пратеничката Даниела Рангеловска која исто така учествуваше во дебатата на вчерашното издание на емисијата „360 Степени“.
Партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ за Либертас тврдат дека лидерот Христијан Мицкоски после вчерашниот нејзин телевизиски настап ја ставил под лед и затоа никој не и се ни јавил, ниту пак и понудил да се потпише на демантот.
Таа во дебатата кажа дека дека пред изборите во 2014 година неа и се јавил тогашниот претседател на партијата Груевски, но дека за неа ова не било прашање.
„Можеби јас сум била повисоко во раководството и најверојатно сметале дека ако си раководство, кое и да е тешко прашње, би требало да се согласуваш со актуелното раководство, во однос на гласањето, можеби Нола била нов пратеник и сакале да ја проверат колку таа би била лојална ако се донесат такви тешки одлуки. Мене не ми направија проверка и не ме прашаа, тоа е вистината“, рече Рангелова.
Рангелова во дебатата кажа и дека ја завршила комуникацијата со партиското раководство, а како причини ги наведе 27 април и однесувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за гласањето за Преспанскиот договор.