Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17520

Што содржи Декларацијата усвоена на средбата во Охрид

$
0
0

Под наслов „Поттикнување на имплементацијата во Западен Балкан на четирите слободи пропишани од ЕУ“, Декларацијата што во Охрид ја постигнаа премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, дава конкретни чекори во областите на слободно движење на стоките, луѓето и капиталот, ја одредува следната средба за 21 декември во Драч и содржи повик до сите лидери на шесторката од Западен Балкан да се приклучат кон оваа иницијатива за поголема меѓусебна соработка, со цел побрза интеграција на регионот во ЕУ.

Основата е Заедничката декларација потпишана во Нови Сад на 10 октомври 2019 година со намера да се продлабочи Регионалното економско подрачје со спроведување на Четирите слободи на ЕУ во Западен Балкан

Се истакнува дека подобрената регионална економска соработка е составен дел на сите наши индивидуални напори за обезбедување напредок, економски просперитет и борба против тековните предизвици; притоа се потсетува и на важноста на засилени и олеснети меѓусебни контакти меѓу луѓето;

Се поздравуваат постигнатите достигнувања во регионалната економска област преку повеќегодишниот акционен план за регионална економска област, како и тековната работа на тој план, но и во различни релевантни регионални иницијативи, вклучително и РСС, ЦЕФТА и Договорот за транспортна заедница и други;

Се нотира улогата на Берлинскиот процес како значаен катализатор на регионалната соработка;

Се потврдува дека целта на членството во Европската унија останува цел на шестте земји од Западен Балкан и дека нема алтернативи за оваа цел за регионот се остварливи; и за таа цел, повторувајќи ја нашата посветеност да ги спроведеме сите потребни реформи и постепено да постигнеме целосно усогласување со законодавството;

Се уважува дека процесот на пристапување е најдобрата трансформативна алатка достапна за обезбедување на просперитет и напредок на нашите општества, но исто така обезбедува структурна и ефективна конвергенција помеѓу ЕУ и СБ;

Затоа, ние, лидерите на Албанија, Северна Македонија и Србија, останувајќи посветени да соработуваме со сите лидери од Западен Балкан, се согласуваме да го забрзаме спроведувањето на Регионалното економско подрачје со идентификување на список на приоритетни мерки, што може да се прошири, со цел што побрзо да постигнеме практични и видливи резултати за нашите граѓани:

Слободно движење на стоките

Приоритет 1: Подобрување на процедурите за граничен премин и инфраструктури

За да ги спроведеме обврските од Нови Сад, развиваме Акционен план фокусиран на приоритетни гранични премини што ќе ги вклучат следниве мерки:

Мерка 1: Воведување 24 часовно работно време седум дена во неделата за сите инспекции на граничните премини, вклучувајќи ги и фитосанитарните и ветеринарните агенции, до нашата следна средба;

Мерка 2: Зајакнување на прекуграничната електронска трговија меѓу државите со воспоставување платформа за електронска трговија

Мерка 3: Почеток на подобрување на инфраструктурата на граничните премини и, во најскоро можно време, обезбедување дополнителни инфраструктурни објекти за камиони во режимот Т1 и ТИР, за расипливи стоки, за сопственици на сертификати за АЕО, без оглед на режимот и за празни камиони; (краткорочен приоритет – шест месеци)

Мерка 4: Воспоставување придружни објекти и обезбедување соодветна и потребна опрема за контрола и мерење, како и вработување дополнителен број гранични службеници со соодветна стручна обука (краткорочен приоритет – шест месеци и тековно),

Приоритет 2: Взаемно признавање на придружна стока со документирање

Мерка 1: Забрзување на процесот на имплементација на интерните процедури за „систем без хартија“ за соодветна документација која ја придружува стоката.

Мерка 2: Идентификување модел на стимулации за поддршка на употребата на „системот без хартија“

Мерка 3: Минимизирање, со крајна цел да се отстранат, барањата за документација во писмена форма за податоците што веќе се внесени во системот

Мерка 4: Заложба за усвојување на меѓусебно признавање на документи што ја придружуваат стоката (фитосанитарни, ветеринарни и други сертификати) на следниот состанок на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА.

Слободно движење на луѓето и слобода за обезбедување услуги

Приоритет 1: Движење на лицата само со лична карта во 2020 година

До нашата следна средба, да се постигнат договори меѓу сите инволвирани страни и експедитивно барање на сите потребни одобренија за нивно стапување на сила.

Усогласување на законодавството за патни исправи со законодавството на ЕУ.
Приоритет 2: Обезбување посебни дозволи за престој и работа со цел да се овозможи еднаков третман за престојот и вработувањето на сите граѓани

Комплетирање на законодавната рамка за специфиќен унифициран престој и работна дозвола
Усогласување на законот за странци со законодавството на ЕУ
Приоритет 3: Регулирање на барањата за социјална сигурност и вработување

До следниот состанок да се направи проценка на националното законодавство, со цел да се усогласат барањата за социјална сигурност и вработување
Приоритет 4: Признавање на професионалните квалификации и мобилност

Мерка 1: Склучување договори за признавање на професионални квалификации за дефицитарни занимања

Усогласување на листата на дефицитарни занимања
Мерка 2: Интензивирање на заеднички напори за постигнување договори за автоматско признавање на академски квалификации

Мерка 3: Да се овозможи движење на студентите и истражувачите

Развивање програми за размена на студенти и истражувачи
Подготвување заеднички план за работа, со цел забрзување на процесот на имплементација на Европските стандардни упатства (ЕСГ) и регистрацијата на соодветните агенции за обезбедување квалитет во EQAR, кои ќе бидат презентирани на Регионалниот состанок на министерствата за образование во средината на декември.
Зајакнување на соработката при изготвување, прегледување и спроведување на индивидуални стратегии за смарт -специјализации.
Приоритет 5: Зајакнување на прекуграничната соработка во областа на безбедноста

Мерка 1: Зајакнување на прекуграничната соработка меѓу полициските власти во борбата против транснационалниот криминал и во областа на борбата против тероризмот

Мерка 2: Зајакнување на прекуграничната полициска соработка во областа на миграцијата и цивилните вонредни состојби

Слободно движење на капиталот

Приоритет 1: Зголемување на инвестициите во регионот

Мерка 1: За следната средба, да се подготви нацрт-план за развој на инвестиции во регионот.

Заклучоци

Мерките вклучени во оваа декларација нема да ги заменат и целосно ќе ги почитуваат постојните заложби преземени во рамките на ЦЕФТА, РЕА МАП или Договорот за транспортна заедница, туку ќе ги надградат во духот на продлабочување на регионалната економска интеграција.

Постигната е согласност, следната средба да биде во Драч на 21 декември 2019 година, и ги покануваме останатите лидери од шесторката на Западен Балкан да се приклучат.

Како подготовка на таа средба, формирана е заедничка работна група која ќе се состане претходно за да ги подготви документите за следната средба. Во оваа група ќе бидат лични претставници на лидерите и се поканети и останаите земји од регионот да се приклучи. Покрај тоа, се упатува молба со РСС, ЕК, ЕБРД, СБ, ЕБРД, ЕИБ и други релевантни чинители да ја поддржат работната група.

Секој од учесниците ќе ги идентификува финансиските ресурси потребни за спроведување на заложбите, и ќе се бараат дополнителни ресурси онаму каде што е потребно, што вклучува и обраќање до меѓународните финансиски институции и други извори на капитал и инвестиции.

Повторно се потврдува дека оваа иницијатива е да се забрза интеграцијата на регионот и нејзината европска перспектива и се бараод работната група да предложи идеи и иницијативи за следната фаза на МАП РЕА и за иднината на Берлинскиот процес, со цел да го приближи регионот до Европската унија.

Црна Гора и Косово остануваат надвор од „Мал шенген“
Црна гора не ја прифаќа оваа иницијатива и смета дека сите мерки предвидени со неа се опфатени во договор за ЦЕФТА.
Црна Гора се изјасни дека задоволна и со сегашното ниво на регионална соработка кое на земјите од регионот им овозможува, според нив, напредок во европските интеграции и дека оваа иницијатива треба да се земе со одредено ниво на претпазливост, бидејќи според црногорските власти не нуди конкретен придонес за унапредување на регионалните односи.
И Косово се изјасни против оваа иницијатива. Косовскиот претседател Хашим Тачи, на Фејсбук напиша дека Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива, објаснувајќи зошто одбил да присуствува на самитот Заев-Вучиќ-Рама во Охрид.
За Тачи исто оваа регионална иницијатива е „бесмислена“ сè додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово.
„Ние сме посветени на надминување на сегашните пречки преку дијалог и меѓусебно признавање. Само кога тоа ќе се случи, ќе станеме дел од ваквите регионални иницијативи како рамноправна држава“, напиша Тачи.

Тачи го критикувал албанскиот премиер Еди Рама за присуството на самитот во Охрид, каде, според него, „Република Косово не е призната“.

Неговиот кабинет објави дека косовскиот претседател, во телефонски разговор го премиерот Зоран Заев, дека Косово нема да присуствува на самитот.

Претставникот на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер пред два дена изјави дека „Мал Шенген“ е иницијатива која ветува и ја има поддршката од САД.

Извор: Нова


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17520

Trending Articles