Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17366

Пендаровски: Макрон бараше време, но рече дека нема намера да ни даде алтернатива различна од полноправно членство

$
0
0

– Разговорот беше прилично отворен и беше динамичен. Ги слушнав аргументите на претседателот Макрон кои стоеја позади неговата одлука. Јас ги изложив моите аргументи. Мислам дека сега можеме да зборуваме за расчистена ситуација по неколку битни точки. Прво, претседателот Макрон и неговиот тим веќе почналe со расчистување на новата методологија, имаат предложенo еден нон пејпер до земјите членки кој почнал да циркулира пред недела дена. Макрон очекува дека тоа ќе заврши за месец до два со инпут од останататите членки, коментари и амандмани. Начелно тој мисли дека методологијата најдоцна треба да биде усвоена до март, но очекува и пред март да биде донесена новата ревидирана методологија – изјави претседателот Стево Пендаровски по денешната средба на  со францускиот колега Емануел Макрон во Париз.

Пендаровски додеда дека разговорот со претседателот Макрон бил отворен, динамичен и ги слушнал аргументите на Макрон кои стоеја зад неговата одлука на 18-ти минатиот месец да се одложи давањето преговори на нашата земја.

На Макрон му рекол дека Македонија не би се согласила со алтернативно членство во облик на европска економска зона, соседи на ЕУ и тн.

– Ми рече прецизно дека никогаш не била негова намера да ни даде алтернатива на полноправно членство. Само, рече, сакам да го подобрам процесот да не продуцира само бирократски успеси, а суштински неуспеси кај земјите кандидати – рече Пендаровски, кој му кажал на Макрон дека земјава целосно стои зад процесот на реверзибилност.

– Дури во еден момент му реков дека и како полноправна членка кога би биле, да нѐ исклучите од членство во ЕУ, слободно направете го тоа, не ми е интерес мене да бидам членка таму, а да не бидам демократија – додаде Пендаровски.

Пендаровски го поканил Макрон да дојде во Македонија и тој му рекол дека ќе дојде во првите 6 месеци од 2020 година.

Тој одговори дека како тема ниту како услов за почеток за преговори не било спомнато донесувањето на Законот за јавно обвинителство.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17366

Trending Articles