Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17424

Автобусите на Дурмотурс возеле со манипулатори околу осум години

$
0
0

Возач кој работи во Дурмотурс, Филип Наумовски дента на 13 февруари кога се случи трагедијата кај Ласкарци, бил кондуктер во кобниот автобусот, но се симнал во скопската населба Ѓорче Петров и се спасил од трагедија, пренесе Фокус.

Тој денеска се појави на судењето како сведок и одговараше на прашањата на обвинителот за работењето на фирмата во која вози од 2011 година. Наумовски чиј газда е обвинетиот сопственик на Дурмотурс, Дурмиш Белули, пред судот призна дека во автобусот бил вграден манипулатор за брзината на тахографот кој ја лажирал брзината за 12, 13 километри.

Вакви манипулатори имало вградено во три автобуси во сопственост на фирмата. За манипулаторите дознал неколку месеци откако бил примен на работа во 2011, што значи автобусите возеле со манипулатори околу осум години.

повеќе


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17424

Trending Articles