Агрон Кранлиевски, вработен во полициската станица во Ресен, како сведок во Титаник кажа дека во 2012 од старешината добил задача да направи проверка на три адреси за повеќе од 100 луѓе дали тие живеат таму.
На едната адреса имало 40-45 луѓе, во втората во еден стан имало пишано 25-30, а исто толку имало и на третата адреса.
Тој направил една проверка, но не пронашол ниту едно лице на тие адреси, а потоа добил наредба да провери уште еднаш.
И во наредните два обиди не успеал да пронајде некое од тие лица на трите адреси.