Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17424

ВИДЕО: Навивачите на Шкупи на својата прослава го оштетија МНТ, а влегле со дозвола на Артан Груби, вели директорката

$
0
0

Искинат тапацир на столчињата во Македонскиот народен театар (МНТ) и откорнати орнаменти од ѕидовите е штетата по присуството на навивачката група Шверцери на Фудбалскиот клуб Шкупи, на петочната прослава на 22 Ноември – Денот на албанската азбука. Директорката на најголемиот театар во државава, Симона Угриновска, ни рече дека во моментов е во консултација со Владата и со правниците и случајот во текот на денот ќе биде пријавен во Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Прославата беше во организација на Владата, и ми беше кажано дека ќе има два настана. За првиот официјален дел, свечената академија, на кој присуствуваше и премиерот Зоран Заев, бев во координација со портпаролот на Владата Мухамед Хоџа. За вториот настан, координатор беше Артан Груби и тој ми кажа дека ќе има само проекција на документарен филм за 30 години постење на Шверцери“, вели Угриновска за САКАМДАКАЖАМ.МК. Груби е пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието.

Posted by Igor Durlovski on Недела, 24 ноември 2019

„Срце ме боли за театарот. Зар мислите дека јас, која имам вратено долг на театарот од 120 илјади евра, ќе дозволам влез на навивачки групи и вакво однесување“, вели директорката Угриновска.

Од официјалното видео од прославата објавено на Јутјуб, се гледа дека навивачите бурно скандираат качени на столиците со удирање по инвентарот во салонот на МНТ.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17424