Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17373

Општата смрдеа од согорувањето ѓубре

$
0
0

Во последниот број на неделникот „Фокус“ прочитав многу интересен текст на портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, колегата Наум Стоилковски. Во текстот тој ја проблематизира – веројатно со право – идејата на општина Неготино „да гори белосветски отровен смет“ на депонијата што се подготвува да се изгради на десетина километри од градот, во насока кон Криволак. Во текстот, да скратам, Стоилковски имплицира дека ќе се гори високо-загадувачки, забранет отпад кој би се увезувал и од Италија, а зад кој, наводно, стои добро познат и меѓународно документиран канал на големата италијанска мафија со отпад (извесни Пине Цезура и Серџо Гоца) која на европскиот континент полициски е гонета или осомничена во повеќе земји (Италија, Албанија, Романија, Бугарија, Германија итн.). Таков отпад, меѓу другото, вели Стоилковски, се гори во ТЕЦ „Брикел“ во Галабово, во соседна Бугарија.

Тука приказната станува неочекувано интересна. Не сум сигурен дали Стоилковски знае кој е сопственик на ТЕЦ „Брикел“ од Галабово? … Човекот се вика Христо Ковачки.

Во Македонија пошироката (а и „потесната“, сум проверувал!) јавност главно не знае кој е г. Христо Ковачки (57), докторанд на технички науки во Санкт Петерсбург и професор на московската Меѓународна славистичка академија. Тој е еден од најголемите бугарски бизнисмени со раширени интереси во енергетскиот и рударскиот сектор кај нашиот источен сосед, но и вон границите на Бугарија. Во 2008 година тој беше прогласен на 98 место на листата на најбогати луѓе во Централна и Источна Европа од страна на полскиот неделник „Впрост“, со проценет имот (пред десет години!) од 700 милиони евра. Меѓу другото (а списокот на „преплетот на црева“ од негови домашни и компании со адреси и во даночни раеви е многу долг), поседува 3-4 термо-електрични централи (меѓу кои и онаа во Галабово). Медиумите во Бугарија одамна се на ставот дека г. Ковачки, всушност, е шеф на една од најголемите бугарски, како да се каже, бизнис-политички формации… Ковачки, се разбира, има и своја политичка партија во Бугарија.

Така некако бидна – „пара на пара оди“, претпоставувам – македонскиот бизнисмен Орце Камчев да му е венчален кум на г. Ковачки, женет за познатата бугарска поп-фолк убавица и пејачка Десислава Ковачки. Добро, луѓето убаво се дружеле, соработувале, кумството логично следувало… Но, по избивањето на овдешната афера „Рекет“, во бугарските медиуми се тврдеше и дека токму бугарско обезбедување долго време се грижело за сигурноста на г. Камчев, пренесувајќи информации и „на другата страна“ од границата. Впрочем, г. Камчев упорно и долго рефлектираше на местото почесен бугарски конзул во Охрид, од што официјална Бугарија, се сеќавате, тивко се откажа среде избивањето на „Рекет“. За дел од бугарските бодигарди на Камчев се шпекулираше дека се бивши агенти на тамошните безбедносни служби и дека тие се, наводно, експертите кои помогнале, најмалку, во некои технички аспекти на компликуваната изведба на „Рекет“.

Во еден од снимените телефонски разговори Камчев, кој е и бугарски државјанин, му вели на Боки 13 дека испратил порака и „Бугарите веќе да не се мешаат“ – „Добро, тие се обидоа нешто, пријатели сме, пријател треба да проба, ама сега знаеме кој клуч ја отвора вратата“, вели Камчев. Бугарската држава тврдеше дека не биле контактирани и не биле вмешани во случајот. Најверојатно не, државата.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17373

Trending Articles