Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17345

Русковска: Јовановски прави обиди да ја одолговлечи постапката. Лекарите утврдиле дека е во добро и јас верувам во тоа

$
0
0

Обвинителката Вилма Русковска се спротивстави на исказите на обвинетиот Бојан Јовановски и на неговиот адвокат Дуковски според кои Јовановски не сум во свесна состојба и не може да го следи судењето.

Според Русковска станува збор за обид за одолговлекување на потапката. Таа тоа го потврди повикувајќи се на лекарската документација издадена од болницата „8 Септември“.

– Бидејќи лекарите утврдиле дека е во добра здравствена состојба и јас верувам во тоа. Ниту еден лекар не би си ја ризикувал кариерата и сметам дека на овој начин само се парви обид да се одолговлечува постапката – рече Русковска.

Судијката истакна дека во судот има медицинска екипа која најпрвин ќе го прегледа обвинетиот, по што ќе се одлучи дали судењето ќе продолжи.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17345

Trending Articles