Зоран Иванов, поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, во период од 2017-та до 2019-та, пред претседателот Стево Пендаровски да го назначи Еролд Муслиу, стана професор на универзитет во Турција. Под нејасни околности за македонската јавност, но и за неговите претпоставени во Генералштабот (ГШ) на Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ) каде што му беше последната работна позиција, тој ја напуштил државата, информира Нова.
Зошто Иванов отпатувал тајно и се сокрил од генералите во АРСМ и од Министерството за одбрана?
Според информации од ГШ, тој при крајот на летото заминал на тримесечен неплатен одмор, а потоа, по истекот на одморот, на изненадување на сите колеги, не се појавил на работното место. Според процедурата, по неколку денови, откако сфатил дека Иванов нема абер да се појави на работа, ГШ го известило Министерството за одбрана кое пак било должно да изготви отказно решение.
Иванов е потенцијална опасност по безбедноста
Сега, официјално Иванов повеќе не е вработен во армискиот штаб. Но, стравот го предизвикува сознанието дека тој поседува чувствителни податоци и информации од безбедносен карактер, како и државни тајни, со оглед на функциите кои ги извршувал бидејќи пред да стапи на директорската позиција во Агенцијата за разузнавање. Иванов беше началник во военото разузнавање, а има и искуство во извршување на операции во државата, како и во меѓународни мисии, дури е одликуван и со сребрена ѕвезда за храброст од Департментот за одбрана на САД како командир на воен контингент во Ирак.
…