Снимка во која наводно бизнисменот Орце Камчев бара примирје од семејството на премиерот Зоран Заев беше објавена на социјалните мрежи ден по сведочењето на Камчев во случајот „Рекет“.
Јавното обвинителство отвори предмет во врска со новообјавените аудио снимки на социјалните мрежи поврзани со сведокот во случајот „Рекет“, бизнисменот Орце Камчев.
– Надлежен јавен обвинител во постапката ќе утврдува кој ја објавил содржината, идентитетот на лицата кои ја објавиле содржината на овие разговори и ги поставиле на социјалните мрежи, потоа идентитетот на лицата кои што разговараат и содржината на разговорите – изјави јавниот обвинител Љубомир Јовески за телевизија Телма.
Доказите кои ќе ги собере обвинителството ќе покажат и дали евентулано лицата од разговорите ќе бидат повикани да дадат исказ кај обвинител.
Снимка во која наводно бизнисменот Орце Камчев бара примирје од семејството на премиерот Зоран Заев беше објавена на социјланите мрежи ден по сведочењето на Камчев во случајот „Рекет“.