Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17494

Кога орлите ќе слетаат на крстовите?

$
0
0

Дека Законот за употреба на јазиците е неопходен и лошо направен, тоа го знаеја сите уште дента кога се усвојуваше. Во некои членови е неспроведлив, во други е недоречен или конфузен. Поминавме низ тие детални расправи уште тогаш.

Некои од слабостите сега ги потврди и Венецијанската комисија. Тогаш и се рече: нека ги каже Венецијанската комисија забелешките, па ќе направиме дополнителни усогласувања според нив. Тоа се вика „нормален демократски процес“, во консултации со сите засегнати политички страни.

И зошто сега повторно драма, со неодмерени изјави и нервозни реакции?

Па, затоа што доаѓаат избори. А во Македонија, традиционално, нема ниту една поубава изборна тема од онаа за давање, земање, остварување, ограничување, освојување, узурпирање, гарантирање, бранење или загрозување на македонско-албанските национални права. Има една цела медиумска галерија „македонисти“ специјализирани за пригодни изборно-референдумски етно-кукумјавки. Кај Албанците, пак, секогаш кога ќе се спомнат националните права во предизборие, Артан Груби веднаш станува за некој степен погорд предводник на „Шверцерите“, а Бујар Османи експресно влегува во интелектуален националистички „овердрајв“… Избори, брате, што да се прави.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17494

Trending Articles