Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17383

А1он: (АУДИО) Нови снимки за „Рекет“: Каде завршија парите, торбата не е кај Заев

$
0
0

По три дена од новите снимки поврзани околу аферата „Рекет“, на истиот јутуб канал се појавија нови аудио записи. На нив повторно се слуша глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, кој кажува дека торбата со парите не завршила кај Заев. Тој додава дека во неа имало џи-пи-ес, а била шетана и надвор од Македонија. Истиот глас го споменува и Врховниот суд и извесен Јово. Во аудио записите се споменува и обвинителката Вилма Руковска, пренесе а1он.

„Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти… Не не пуштија они. Што зборите вие?“


„Му се јавувам на Зоки, на наш Зоки, Кичевскиот, прееска. Што точно си зборел? Додека седевте вие тука, неќев да зборам. Затоа станав… Како што сте договорени, така е направено. Зоки е на располагање, ево Мелина сад са њим прича преко мене и тебе, како што си ти реко така је и урадио. Никад није био на ниту један састанак освен кад ме позвала тужитељица. Молимте уради да га шта пре позове, да каз.. све како што си му рекао. Велики поздрав њега, велики поздрав..“, вели гласот кој наликува на оној од сведокот во „Рекет“.

„Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер“, се слуша во објавените записи.

Останатите снимки и разговори слушнете ги тука


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17383

Trending Articles