Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека наскоро ќе се знае составот на техничката влада кој треба да се формира на 100 дена пред избори, а како можни кандидати за технички премиер ги спомена сегашните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Мила Царовска, чии имиња изминатиот период се споменуваа во јавноста.
Заев додаде дека се очекува шпанската влада да биде формирана на почетокот на јануари, а земјата да го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО, така што овој парламентарен состав би можел да го ратификува пред распуштањето на Собранието. Исто така, рече Заев, останува и можноста да се донесе условена ратификација која би била донесена пред Шпанија да го ратификува протоколот, а би стапила во сила по шпанската ратификација.