Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17522

ВИДЕО: На повидок нов дипломатски скандал: Ја „заглави“ државата, па оди амбасадорка во Ватикан!?

$
0
0

Дали е на повидок нов дипломатски скандал? Според информациите на Канал 5, МНР за амбасадорка во Ватикан предлага поранешна советничка во амбасадата во Италија, за која постојат индиции дека е директно одговорна за судскиот спор и штета околу 250.000 евра, поради која сметките на амбасадата се блокирани десетина години.

Причина за блокадата е тужба покрената во 2004 година од поранешна секретарка во амбасадата која била ангажирана како локален работник, со договор на дело, а потоа избркана од работа. Италијанскиот суд досудил дека за ова Република Македонија треба да плати околу 250.000 евра, но тоа не се случило, па сметката била блокирана во 2009 година, со правосилна пресуда. Во тоа време во амбасадата како министер-советник работела и сега предложената амабсадорка, но каква е точно нејзината улога во скандалот од МНР не соопштуваат..Се повикуваат на праксата да не се коментираат предлозите за назначувањата, додека не заврши постапката.. Инаку, според информациите, таа е предложена како дел од професионалните дипломати во МНР.

Од МНР не кажуваат ни до каде е случајот со долгот, кој го откри ревизијата за работењето на МНР за 2017 година, а објавен во март годинава… Во него стои дека судскиот спор се уште е во тек, а поради тоа што во Италија судските одлуки се однесуваат единствено на земјите кои се дел од Европската Унија, барањата за признавање на судската пресуда во македонските судови биле одбиени како неосновани. Ревизорите истакнуваат и дека заради спорот, станот кој Македонија го поседува во Рим како наследство од СФРЈ, се уште не може да се запишан како сопственост на земјава.

„Причина за неизвршениот упис е наведениот спор од причина што со самото запишување на правото на сопственост се јавува можност од присилно извршување на судската пресуда врз недвижниот имот, сопственост на нашата земја“

За случајот и за судскиот спор, запознаени се и од министерството за правда и државното правобранителство, од кои ревизорите побарале мислење за понатамошно постапување. Во извештајот се додава и дека од корист за земјава би било спорот да биде решен во најкус можен рок.

Инаку, владините предлози за амбасадори веќе го поминаа и претседателскиот филтер. Од кабинетот на Пендаровски велат дека тој дал согласност за процедурата да продолжи во МНР, а доколку се утврди дека некој од кандидатите не добие одобрение за вршење на службата, тоа ќе биде земено во предвид, со цел да се достави нов предлог за упатување.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17522

Trending Articles