Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Евакуирано средното уметничко училиште во Скопје поради направа што наликува на рачна бомба

$
0
0

Направа што наликува на рачна бомба е пронајдена изутринава покрај автомобил на паркинг-просторот во близна на Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје, поради што се евакуирани сите присутни во објектот.

МВР потврди дека во 08:36 часот во ЕИК-Скопје е пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на паркинг-простор има направа што наликува на рачна бомба оставена до автомобил. Полициски службеници излегле на местото на настанот и работат на расчистување на случајот.

Од МВР велат дека се уште се утврдува дали станува збор за школска или вистинска бомба.

Во инцидентот нема повредени, а на учениците и наставниците им е забранет пристап до училишната зграда.

Фото МИА


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Trending Articles