Бомбата која утрово ги евакуираше средношколиците од средното уметничко училиште била ставена под возилото кое е сопственост на газда на два ноќни клуба во Скопје.
Според неофицијални информации на Фокус, „бомбата“ била кашикара и била ставена под автомобил марка „порше“, кој бил во негова сопственост.
Според сознанијата на порталот, тој важи за близок до поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, кој неодамна ја напушти политика и почна да се занимава со угостителство.