Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17601

Емил Димитриев барал да биде на пратеничката листа, Мицкоски му кажал ќе те ставам на анкета, Силјановска носител на изборна единица

$
0
0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повикал сите актуелни пратеници поединечно на разговор и само на неколкумина им кажал дека ќе ги стави на кандидатската пратеничка листа за претстојните парламентарни избори кои треба да се одржат во април, иако сите искажале желба повторно да бидат пратеници, дознава СДК од партиски извори.

Извесно е дека на новата пратеничка листа нема да се најдат долгогодишните пратеници Илија Димовски, Трајко Вељаноски, потоа Јохан Тарчуловски и многу други актуелни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. На интервјуата на тие што немал намера да ги става на кандидатската листа, Мицкоски ги прашувал: „Ти каде се гледаш во иднина во партијата, на кои функции во министерствата и органите на државната управа, ако формираме влада?“.

„Некои од овие актуелни пратеници сфатија од прва дека Мицкоски на овој начин им се заблагодари за досегашното извршување на нивните функции, но има и такви кои се упорни, па отворено му бараат да ги кандидира. Емил Димитриев му кажал дека пак сака да биде пратеник, Мицкоски му рекол ќе те ставам на анкета, па ако котираш добро, нема проблем од моја страна. Истото им го кажал и на другите кои отворено изразиле желба за уште еден пратенички мандат“, велат извори во најголемата опозициона партија.

Според нив, тој во принцип сите на кои сметал, кои се нуделе и на кои им понудил, планирал да ги стави во анкета внатре во партијата, пред да ја состави листата од 120 кандидати за пратеници.

Повеќе на следниот линк.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17601

Trending Articles