Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

Будисављевиќ- партнерот на Стојановска со богато криминално досие

$
0
0

Веста за приведување на познатата македонската актерка Силвија Стојановска крена голем прав во јавноста. Со полициска прудружба, вчера попладне, таа беше изведена пред судија на претходна постапка кој и одреди куќен притвор во траење од 30 дена додека нејзиниот партнер Воислав Будисављевиќ заврши во притвор. Засега ниту една од надлежните инсистуции не открива детали околу овој случај за кој јавноста има многу прашалници: дали има и каква е улогата на Стојановска во случајот со трговија на големо количество на кокаин, дали е жртва или директен соучесник во скандалот, кој е нејзиниот партнер Будисављевиќ, какво е негово криминално досие, итн, пишува Нова.

Будисављевиќ, сепак, не е непознат за овдешната јавност. Пред десет години (2009) беше партнер и на Персида Момировска, алијас „Мадам Пепи“, која ја снабдуваше со брендираната гардероба од Германија и од Италија, дури и српската естрада, но и со кокаин од Перу кој наводно го набавувал токму Будисављевиќ. Момировска „падна“ во раце на полиција и беше осудена на пет години затвор што не беше случај и со Будисављевиќ кој успеа да пребегне во соседна Србија. Во Македонија беше екстрадиран по четири години од избивање на скандалот и распишаната меѓународна потерница. Го испорача Белгија која патем го уапси во 2013 година за извршени кривични дела и на нејзина територија за издржување на три пол годишната затворска казна што ја доби во отсуство за фалсификување на лични документи во земјава.

Повеќе


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

Trending Articles