Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17409

Ушковски се жали на притисок од СЈО, а тој бил избран партиски, ќерка му била во УМС, сега е економски промотор во Шкотска?

$
0
0

Еден од најистакнатите во „борбата“ против специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиното обвинителство, е претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски.

ushkovski_0_0[1] uskovski

– Специјалното јавно обвинителство на одржаната прес-конференција пред неколку дена се послужи со спектакуларни изјави се со цел да изврши влијание врз судството. Направено е најголемо влијание врз судството во конкретниот случај, покрај нарушенаат независност на судството во целина, направена е и најголемата повреда презумција на невиност на судиите споменати од одреден суд – изјави Ушковски во понеделникот.

Ушковски во повеќе наврати на прес конференцијата зборуваше за независноста на судството и се изјасни против формирање специјален суд.

Сепак, изјавите за независнот ги поматуваат неколку работи поврзани со Ушковски. Една од нив е 20-та „бомба“ на СДСМ, каде беше објавен разговор помеѓу поранешната министерка Гордана Јанкулоска и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, од кој се слуша како бил избран.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски

ТВ: Ама овој Ушковски сеа до вчера ние како да кажам…

ГЈ: Абе Ушковски ти го помина на Собрание сега…

ТВ: Абе не да го поминав уште ќе не тепаат, дека …како да кажам…нема ништо врска со судство го ставаме во Судски совет…

ГЈ: Општински со се поминато партиски…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски

ГЈ: Кој ни го предложи, да не беше од…

ТВ: Чаир бе Чаир, Ристе, Ристе…

ГЈ: А така да да…

ТВ:  …и премиерот му се јави на Ристе …

ГЈ: Ристе Ристе Новачевски, така точно во право си…

ТВ: Му се јави премиерот дали…

ГЈ: Да човекот у ЦУК МУК некаде таму работеше, точно во право си…

ТВ: Да…

ГЈ: И го избуткавте…

ТВ: Од општинскиот од Чаир, од општинскиот…

ГЈ: Абе како може така ние не сме го стаиле зошо е најубав таму…

==================================================

Покрај овој разговор, како уште еден доказ за неговата зависност или независност, на социјалните мрежи деновиве се споделуваат и вести од архивите на медиумите, поврзани со неговата ќерка, Маре Ушковска, која во мај 2014 година, давала изјава во својство на потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

785489439043232

Во април 2014 година, пак, таа во изјава за Алфа телевизија, таа кажува дека добила стипендија од Министерството за образобание и наука за постдипломски студии, насока Државна политика на Универзитетски колеџ Лондон, еден од 100-те најдобро рангирани светски универзитети.

Сега, пак, како што може да се види од сајтот investinmacedonia.com на Агенцијата за странски инвестиции, Маре Ушковска е на листата на економски промотори на Македонија во странство.

78549439043

Имено, таа е раководител на интернационалната канцеларија на проектот „Инвестирај во Македонија“ во Единбург, Шкотска, нешто што стои и на нејзиниот Linkedin профил.

7854943943

Сомнежите за неговиот избор од опозициските „бомби“, како и членството на неговата ќерка во партискиот подмладок на ВМРО-ДПМНЕ, добиената стипендија од МОН, како и нејзината сегашна позиција отвораат многу прашања за независноста на претседателот на судскиот совет, Бранко Ушковски.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17409