Во моментов се одвива полициска акија во околината на Градскиот трговски центар во близина на хотелот Холидеј Ин во која што полицијата гони засега непозната група која демолирала во околината. Очевидци велат дека групата момчиња кршела прозори и фрлала маси од околните кафеани, информира Нова.
Полицијата се уште не потврдува за што се работи, а неофицијално, извори за НОВА велат дека групата е дел од навивачите кои се во Скопје да го следат натпреварот помеѓу „Будуќност“ и „Вардар“, натпревар под силно полициско обезбедување. Навивачите на „Будуќност“ од Црна Гора и „Балистите“ од „Шкендија“ денеска се судрија на превојот Стража.