Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17431

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш осуден за напад, призна вина и заработи опомена

$
0
0

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска седна на обвинителна клупа за нападот на Демир Исмаил. Во судницата, градоначалникот Дудуш призна вина и рече дека жали за стореното, објави Сител.

Нападниот Исмаил рече дека и покрај признанието на вина, во друг судски спор ќе бара оштета од Дудуш. Парите најави дека ќе ги донира во хуманитарни цели.

По признанието за сторениот напад, судијата Ѓоко Ристов, му изрече казна “судска опомена” на градоначалникот на Шуто Оризари.

Демир Исмаил кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, го обвини Дудуш, дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал.

Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17431

Trending Articles