Тргнати се фундаментите на панорамското тркало кое беше предвидено да се изгради во центарот на главниот град.

Ова денеска го соопшти градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот профил на Фејсбук.

-Тргнати фундаментите за панорамското тркало. Мостот не е во барок. Коритото на Вардар чисто и проточно. – искоментира Шилегов