Бугарските медиуми објавија дека фирмата „Блацион”, стационирана во Софија, а чиј управител е македонскиот државјанин Блаже Игнатовски, увезла сомнителен отпад од Италија кој пристигнал во бугарското пристаниште Варна. Меѓу содружниците во фирмата е споменат и директорот на скопската депонија “Дрисла”, Горан Ангелов.
“Фокус” го праша Ангелов за коментар, а тој одговори: -Немам коментар и јас разбрав за ова вчера од Бугарските медиуми. Јас мал содружник со 15% во таа фирма Блацион.
Се надевам дека набргу ќе се расчисти сето ова, во интерес на јавноста, но и на нас, изјави директорот Ангелов за “Фокус”. Медиумите во Бугарија објавија дека обвинителството во Варна покренало истрага за товарот по информациите за нарушување на редот за прекуграничен пренос на отпад.
…