Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17468

Ѓубрето е чисто, а и одамна фино мириса!

$
0
0

Приказната за балканската преработка на отпадот што стигнува од Италија на Балканот, пред сè во Бугарија, е со висок степен на втемелени сомнежи за криминал и корупција. Во последните неколку години, таа тема е добро обработена во медиумите во Бугарија, а дури и без да влегуваме во детали за имињата на компаниите и тамошните главни мешетари во тој бизнис, заклучоците се дека се работи за еден од најголемите бизниси на, за балкански услови, респектабилната бугарска мафија, која располага со свои банки, партии, железнички транспорт, енергетски систем и сл. Впрочем, со години по ред се водат низа полициски истраги и судски процеси во повеќе европски земји, бидејќи не се работи само за илегално стекнати и испрани милиони евра, туку и за катастрофалните последици по животната средина поради согорувањето на тој отпад.

За процутот на оваа стопанска „дејност“ помеѓу Италија и Бугарија постојат многу причини – компликуваните дозволи и контролата за уништувањето на отпадот во Италија итн., наспроти, „на хартија“, подеднакво строгите критериуми кај „помладиот“ европски партнер како Бугарија, но со далеку „пофлексибилен“ режим за надзор и инспекции во бизнисот. Плус, поевтината работна рака и пониските цени за транспорт, за складирање и за уништување на отпадот.

Бизнис моделот е едноставен: ако во Италија метрички тон отпад – да не влегуваме во деталите за различната класификација на различни видови ѓубре – се откупува за понатамошен третман за околу 140 евра по тон, цената што ја бараат бугарските компании е околу стотина евра за истото количество, што создава околу 45-60 евра разлика по тон на пазарот. Бидејќи кај нашиот источен сосед се работи за повеќе милиони тони обработка на отпад годишно, пресметајте сами колкав е профитот…

Всушност, на италијанската мафија ѝ е поевтино ѓубрето да го натоварат на брод и бродот да го потопат на сред Медитеранот, отколку да го обработуваат во Италија.

Бугарските медиуми велат дека само за ѓубрето коешто пристигнува од Италија преку бугарското пристаниште Бургас, заработката може да се движи околу 80-100 милиони евра годишно. Но, Бугарите не би биле толку интелигентна нација каква што се, ако конкретни претставници на нашите „источни брачеди“ овој профит не го удвојат: согорувањето на овој проблематичен отпад се одвива и во неколку термоцентрали во „посредно-директна“ сопственост на бизнисите со ѓубре, со што се добива евтино енергетско гориво за производство на струја, со чија продажба се дуплира профитот! Цело е кога има сè – ингениозно!

Не треба човек да е многу упатен за да сфати дека, со толкави заработки, на нашиве балкански простори нема цариник, инспектор, началник или министер кој не може да се купи (или да се елиминира!) за да ги наштелува мерните инструменти, да гледа „на страна“ кога поминува одредена композиција натоварена со отпад или да се прави „на удрен“ ако треба да се спроведе истрага или вонредна контрола.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17468

Trending Articles