Собранието како законодавец има право да дава амнестија за сторени кривични дела. Така е постапено и со настаните поврзани со 27-ми април, сметаат мнозинството уставни судии.
Тие на денешната седница одлучија да не поведат постапка по иницијативата поднесена од Светскиот македонски конгрес и ја отфрлија иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, која ја оспори постапката на амнестирање.