Глема група револтрани ѓраѓани се собраа пред уставниот суд, да го искажат својот револт против одлуката на Уставниот суд со која претседателот ќе може да помилува лица осудени за изборни измами.
Во моментов пред Уставен Суд
Posted by Irena Cvetkovik on Wednesday, February 24, 2016
Со пароли „Нема правда- нема мир“, „Судии мафија“ граѓаните бараат оставки од уставните судии.
-Ние граѓаните нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен суд да си ги спасат своите злосторничко-криминални „кожи“ од издржување на заслужените затворски казни.
Нема да дозволиме повторно да си поигруваат со државните институции како да се нивен личен имот или партиски огранок.
Во Македонија мора да се врати правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот – стои во најавата на протестот.
„За“ гласаа судиите Никола Ивановски, Елена Гошева, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојановски.
Предложените измени доаѓаат во време кога Специјалното јавно обвинителство покрена истражна постапка за осум лица осомничени за изборни нерегуларности, меѓу кои поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, генералниот секретар Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.
поврзано:
Уставниот суд одлучи: Претседателот ќе може да помилува за изборни измами
Мнозинството во Уставен суд дозволи помилување на педофили, терористи и кршачи на изборни кутии
фото: Либертас/Фејсбук