Притисокот и хајката на власта кон правниот факултет деновиве кулминира во повторен обид на третокласните вмровски кругови, нивни професорски инсталации и секако Томе Аџиев, конечно да се истера од работа професорот Љубомир Фрчкоски.
Имено, Томе Аџиев, од укинатата Комисија за лустрација, повторно упатил барање до Сенатот и Ректорот на универзитетот „Кирил и Методиј“, да се избрка од работа професорот Љубомир Фрчкоски, бидејки одлуката на Комисијата за лустрација според која тој бил наредбодател, станаа конечна.
Барањето на Аџиев, како и провото испратено пред година година дена до Деканот на Правниот факултет е НЕЗАКОНСКО.
Имено, со законот за лустрација не се опфатени јавните служби како професурата, која е професија, а не јавна функција, туку тој се однесува на вршењето јавни функции (такви бирани од Собранието и Владата на Р.М.).
Иако за тоа имаше детално образложение од Правниот факултет, а и инспекцијата на Министерството за образование се прогласи ненадлежна да спроведува решенија на Комисијата за лустрација, тоа не им пречи на „инквизиторите“ на власта да вршат притисок врз политичките неистомисленици и оние кои ги сметаат за столбови на опозициската и либерална мисла на факултетите.
Ниту сега кога се пред кошмарот на нивното растурање и паѓање. Ниту сега кога комисијата е законски распуштена, тие пак како живи-мртовци тргаат да ги касаат своите политички непријатели.
Барањето на Инквизиторите од комисијата е упатено на погрешна адреса, кон Сенатот и ректорот на Универзитетот, бидејќи тие не го бирале Фрчкоски во неговото сегашно звање – редовен професор.
Тој е избран по стариот закон, само од наставничкиот совет на Правниот факултет два пати – и со тоа е редовен професор до крајот на својот работен век.
Правниот факултет веќе еднаш едногласно, со одлука на Наставничкиот совет, го одби барањето на Лустрациска.
Што сега сака Лустрациска, или поточно власта, да направи со ова?
Да го испразни Правен од она што го смета за главна пречка за неговото полнење со празноглави вмровски кадри?
Да го „омекне“ професорот во неговите јавни настапи?
Или да направи зло како мерило за нејзиното постоење како таква?
Универзитетот и правен се повторно на мета.
Веројатно ќе знаат како да ја одбијат оваа дрскост на власта во умирање и Лустрацска (оценета од Прибе како незаконска и нелегитимна, крупен проблем за обнова на демократијата во Македонија).