Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

СДСМ ќе формира комисија за рангирање на кандидатите за пратеници (ВИДЕО)

$
0
0

СДСМ ќе формира комисија која ќе ги рангира кандидатите за пратеници за престојните предвремени парламентарни избори. Во оваа работна група, како што најави вечерва партискиот лидер Зоран Заев, ќе има и надворешни членови, односно експерти, а целта е да се изберат најквалитетните и најсоодветни кадри што ќе ги претставуваат СДСМ и коалицијата.

Изјава по седницата на ЦО на СДСМ

Posted by MИА.mk on Четврток, 30 јануари 2020

По вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ, Заев изјави дека целта е да се изберат кандидати со интегритет, професионалци во своите области и авторитети во средините во кои живеат и работат.

ЦО на СДСМ, на оваа седница, ја почна процедурата за номинирање кандидати за пратеници. Постапката почнува од базата, односно од месните и од општинските организации на СДСМ. Заев потврди дека намерата е половина од кандидатите на листите да бидат жени, а покрај тоа, како што рече, да бидат застапени разни профили на кандидати. Рече дека дел од пратениците од овој собраниски состав најверојатно ќе влезат во комбинација за уште еден мандат. Тој им се заблагодари на актуелните пратеници на СДСМ и коалицијата за ангажманот во во изминатите близу три години. Рече дека е горд на постигнатото во овој период, со оглед на лошиот старт на парламентот, во контекст на настаните на 27 април 2017 година.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

Trending Articles