Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17634

ГАЛЕРИЈА: И денеска со јајца по Уставниот суд

$
0
0

И денеска стотици граѓани се собраа пред Уставниот суд, револтирани од вчерашната одлука на судот со која на претседателот му се овозможува да помилува осудени за изборни нерегуларности. Граѓаните со јајца фрлаат по зградата на Уставниот суд.

12744232_10154042171186995_5474340028062319671_n

Уставниот суд застана во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори. Во рекордно брзо време ја разгледа и ја прифати иницијативата за преиспитување на уставноста на измените на Законот за помилување, поточно за забраната Претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

12743970_10154042172721995_180362128077847331_n

Со ова, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека за нив правниот систем е само алатка која им служи за заштита од правдата, а не за нејзино спроведување.

1621775_10207371897268413_3515046080757868258_n

Ние граѓаните нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен суд да си ги спасат своите злосторничко-криминални „кожи“ од издржување на заслужените затворски казни.

12782346_875471399239782_1362485322_n

Нема да дозволиме повторно да си поигруваат со државните институции како да се нивен личен имот или партиски огранок.

12743972_10154042166666995_1119934228592679162_n 10422283_10154042166806995_9100248084099652768_n

Во Македонија мора да се врати правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот.

фото: Фејсбук


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17634