Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17715

ФОТО: Бекир Асани го исшамарал Тодор Петров?!

$
0
0

Порталот Инфомакс објави фотографии од претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, кој бил нападнат денеска во Скопје, по поставувањето на темелите за крстот во општина Бутел за кој тој е иницијатор и еден од донаторите. Тој се наоѓа на Ургентниот центар во Скопје, и се уште не се познати деталите за видот на повредите. Од МВР соопштија дека ќе излезат со детали случајот подоцна во текот на денов.

todor_petrov_bolnica[1]

todor_petrov_bolnica2[1]

Според извори на Либертас, Петров бил нападнат и исшамаран од претседателот на општинскиот огранок во Чаир, Бекир Асани, кој претходно беше дел од предводниците на протестот на ДУИ против поставувањето на крстот. Петров бил во еден скопски ресторан, каде и се случил инцидентот.

Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека двоглавиот орел и сега крстот, се дел од игрите на владејачките партии за создавање меѓуетнички тензии во пресрет на најавените избори.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17715

Latest Images

Trending Articles