Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17392

Еден од Македоните на крузерот во Јапонија е заразен со коронавирус –хоспитализиран е во Јапонија

$
0
0

Потврдено е присуство на коронавирусот кај еден од нив кој во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин.

Согласно најновите информации добиени од јапонските надлежни органи, информираме дека дојде до промена во однос на состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат на бродот “Diamond Princess” во Јокохама, Јапонија, соопштија од Министерството за здравство.

Потврдено е присуство на коронавирусот кај еден од нив кој во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин.

Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот.

Министерството за здравство на Јапонија продолжува со спроведување на тестови за присуство на коронавирусот кај лицата кои се наоѓаат во карантин на бродот. При вршење на анализите предност имаат лица со симптоми кои укажуваат на присуство на вирусот, лица над 75 годишна возраст и лица со хронични заболувања.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, преку амбасадата во Токио, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во Јапонија и остварува комуникација со надлежните јапонски органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на корона вирусот.

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17392

Trending Articles