Додека се чека седницата на која треба да се изгласа Законот за Јавно обвинителство, на паркингот пред Собранието бил оштетен автомобилот на пратеничката од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Емилија Александрова.
Пратеничката за „Локално“ ја потврди информацијата, додавајќи дека е повикана полиција и дека сега ќе се врши увид. Како што ни посочи Александрова, автомобилот бил изгребан од двете страни.
Оштетено возилото на пратеничката Емилија Александрова… Случајот пријавен во полиција
Posted by Furkan Saliu on Четврток, 13 февруари 2020
Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата претходно преку соопштение се изјасни дека ќе гласа позитивно за Законот за Јавно обвинителство.
Видео – Фуркан Салиу/Клан ТВ