Quantcast
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17480

ВМРО-ДПМНЕ нема да кандидира нов министер за труд и социјална политика на местото на Мизрахи?!

Порталот Курир повикувајќи се на брифинг од извори блиски до ВМРО-ДПМНЕ објави дека најверојатно нема да се достави нов предлог за министер за труд и социјална политика.

Image may be NSFW.
Clik here to view.

„Според информациите до кои дојде Курир од партијата се решиле на ваков чекор бидејќи не бил испочитуван договорот за техничка Влада од страна на владејачката СДСМ. Засега нема сеуште потврда, ниту демант на ова, но анализите покажуваат дека партијата нема да ја одобри политиката на преседани водена од Спасовски чиј главен белег се интригите и несериозноста“, објави Курир.

Сé уште се анализира ситуацијата за евентуално доставување нов предлог за технички министер за труд и социјална политика, а согласно Централниот и Извршниот комитет, претседателот на партијата го има овластувањето за тоа одлучување, рече денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

Според Ласовска, која даде изјава за медиумите пред почетокот на собраниската седница на која треба да се гласаат законите за ЈО и измените на Законот за Совет на јавни обвинители, ВМРО-ДПМНЕ се надева дека Собранието денеска ќе се распушти и дека ќе има избори на 12 април како што било договорено кај претедателот на државата, Стево Пендаровски.

-Ако политичарите од владејачкото мнозинство се сериозни, тогаш треба да останат на договорот и Собранието да биде распуштено, истакна Ласовска, одговорајќи на новинарски прашања.

Претходно техничкиот премиер Оливер Спасовски испрати барање до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да назначи нов министер за труд и социјална политика по разрешувањето на Рашела Мизрахи.

По разрешувањето на Мизрахи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски објави заедничка фотографија со која и даде поддршка на разрешената министерка.

Собранието со 62 гласа „за“ ја разреши Рашела Мизрахи од позицијата техничка министерка за труд и социјална политика.

Мизрахи се огласи по разрешувањето и изјави дека хајката против неа е очаен обид на власта да ја прикријат вистинската слика за она што се случува во државата.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17480

Trending Articles