Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17345

Разговорите од „Пандорината кутија“ на Боки 13 меѓу него и Кичеец утре ќе се пуштат во судница

$
0
0

Снимките помеѓу Зоран Милевски-Кичеец и Бојан Јовановски што бизнисменот Орце Камчев ѝ ги предал на обвинителката Вилма Русковска, утре ќе бидат јавно презентирани на новото рочиште за случајот „Рекет“, објави МКД.

Овие снимки минатата недела веќе беа презентирани на рочиште што, со одлука на судот, беше затворено за јавност. Но бидејќи Јовановски посочи дека овие разговори се важни и нагласи дека со нив ќе ја отвори „Пандорината кутија“, обвинителката Русковска денес побара судот да дозволи и јавноста да ги чуе и овие снимки.

Образложението на обвинителката беше дека ги проучила и ги слушнала овие докази и иако немаат поврзаност со кривично-правниот настан, за да се избегнат шпекулациите во јавноста, барањето е јавно да бидат презентирани.

На ова барање не се спротивставија ниту Јанева ниту Јовановски, а нивните адвокати и денеска повторија дека овој доказ треба јавно да се изведе.

Со одлука на судијката Васка Николовска-Масевска утре во судница ќе се отворат трите фолдери и ќе се слушаат разговорите помеѓу Кичеец и Боки 13 што траат два часа и 10 минути.

Јовановски минатата недела откако беа најавени овие докази, рече дека прифаќа да бидат пуштени бидејќи и онака, како што нагласи, достоинството му било нарушено во случајот Рекет.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17345

Trending Articles