Аудио разговорите обезбедени од осудениот Зоран Милевски ќе се слушаат зад затворени врати во големата судница на Кривичниот суд.
Ова го побара обвинителката Вилма Русковска која рече дека во разговорите се слушаат имиња на луѓе чиј углед може да биде нарушен.
Жестоко реагираа обвинетите.
Катица Јанева рече дека ги слушнала разговорите и нема ништо загрижувачко во тие снимки, ви гарантирам, додаде поранешната специјална обвинителка.
И Јовановски побара новинарите да останат во судницата.