Првобвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски на денешното рочиште пред судот излезе со обвинувања дека му било понудено да не биде суден ако кажел дека екс специјалната обвинителка, Катица Јанева е виновна за целиот случај и дека пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, земала пари, пренесе Локално.
– Ми беше понудено да не бидам осуден ако кажам дека Катица е виновна и дека Ременски земала пари, посочи Боки 13.