Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17631

Порнографската група „Јавна соба“ се пресели на светски познат порно сајт

$
0
0

Порнографската група „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм повеќе не постои, но затоа, пак, пред околу две недели таа повторно е активна на еден светски познат порно сајт, објави Плусинфо.

Како што е наведено таму, основач на групата наводно е 31-годишен маж од Германија, кој досега има објавено над 500 експлицитни фотографии од девојки и од момчиња од Македонија.

Според информациите со коишто располага Плусинфо, станува збор за истите фотографии кои неодамна беа објавени во групата „Јавна соба“ на Телеграм, а кои беа избришани по интервенција на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Меѓу експлицитните фотографии објавени се и телефонски броеви од многу девојки, како и од нивните профили на Фејсбук и на Инстаграм, а не се ретки ниту принтскриновите од интимните фотографии кои тие им ги праќале на своите момчиња во приватни пораки. Огромен дел од фотографиите им припаѓаат на малолетни девојки, а не се поштедени ниту познатите јавни личности.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 17631