Советот за жалба при Врховниот суд, кој треба да донесе конечна одлука за разрешувањето на Вангеловски, не можел да заседава ни во четвртокот (20 февруари 2020 г.) затоа што бил отсутен судијата од гостиварска апелација, Африм Јакупи, наводно поради смртен случај во семејството.
Во меѓувреме, Вангеловски иницирал постапка пред Судскиот совет за разрешување на врховните судијки Беса Адеми и Цветанка Периќ, членови на Советот за жалба што треба да пресече за неговото разрешување, пренесе 360 степени.
Другата врховна судијка разрешена од Судскиот совет, Рахилка Стојковска, по истиот принцип, бара Судскиот совет да ги разреши врховните судии Шпенд Деваја и повторно Цветанка Периќ, членови на Советот за жалба што треба да ја донесе конечната одлука за нејзиното разрешување.
…