Обвинителката Вилма Русковска потврди дека снимките од Милошоски ги дала на вештачење а на прашање од новинар што и рекол кога и ги предавал обвинителката рече дека и дал предлог за кој таа смета дека е несериозен.
Тој ми рече да сум побарала снимки од безбедносните камери во владата од цел мај минатата година. Сметам дека тоа е прилично несериозно имајки предвид колку многу влегуваат и излегуваат од кабинетот на премиерот. Друго ке беше ако тој ми посочеше точен датум. така би било возможно но тој не ми посочи датум, рече Русковска.