По насоки на надлежниот јавен обвинител, започнати се проверки во Врховниот суд во насока на утврдување на фактите, велат од јавното обвинителство за „360 степени“.
Основното јавно обвинителство Скопје оформило предмет за случајот со неколкуте десетици предмети што в.д. претседателот на Врховниот суд, Фаик Арслани, ги затекнал во фиока при преземањето на функцијата од Јово Вангеловски.
Постапувањето на ОЈО Скопје доаѓа откако пред околу еден месец претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, изјави дека за случајот се известени обвинителството и Државната комисија за спречување на корупцијата.
Повеќе на „360 степени“.