Рекламите за маслиново масло , како и други реклами кои постојано се емитуваат на Алфа веќе се предмет на истражувања и во унгарските медиуми. Документите на партнерите покажуваат за прв пат како огромните суми за реклами се префрлале во Македонија во про-орбановите медиуми за реклами на фирми од Унгарија кои ниту имаат вработени ниту имаат приходи, пишува ИРЛ.
Image may be NSFW.
Clik here to view.
Влијателни навивачи на унгарскиот премиер Виктор Орбан испумпале повеќе од 3.2 милиони евра во Северна Македонија преку нивната мрежа од медиуми во регионот. Тоа се правело преку сомнителни транскации за маркетинг услуги кои се предмет на истрага на македонските и словенечките институции.
Парите биле трансферирани во две медиумски компании во Македонија кои што му припаѓат на Петар Шац, унгарски медиумски директор. Во Македонија стигаат преку фирма на Шац која што тој ја поседува во Словенија. Телевизиски и веб реклами се предмет на договорот меѓу словенечката компанија и македонските фирми на унгарскиот државјанин. Една од рекламите нуди маслиново масло, додека другата е веб сајт којшто продава разни ситници, меѓу кои што и магнети за фрижидер. Двете компании кои што се предмет на реклама се унгарски. Се чини дека ниту една од нив не продала ништо во Македонија, што ја доведува во прашање целта на трансакциите.
Македонската финасиска полиција го истражува овој случај, според документите до кои што дојде Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција. Сомнежите се дека парите доаѓаат од сторени дело “перење пари”, а се отвара и можност истите да се “исцедени” од унгарските државни фондови преку нивниот концепт на државно финансирање на медиуми.
Во Македонија, истрага за перење пари може да се покрене ако финансиската полиција има дојава или допрен глас дека големи суми на пари од непознато потекло се трансферираат во земјава дури и ако не постои индикација дека потеклото на парите е криминално во моментот на отварање на истрага.
Рекламите кои се предмет на истрагата се појавуваат на ТВ каналот Алфа каде што Петар Шац е мнозински сопственик со 51 процент удел, како и на веб страницата ripostmk.com. И двата медиуми се основани во 2017 година кога унгарски инвестиции влегуваат во медиумски поход во земјава со цел да се поддржи сојузникот на Виктор Орбан, поранешниот премиер Никола Груевски којшто во моментов е во азил во Унгарија.
Подемот на Петар Шац почнува две години порано, кога во 2015 година го формира оригиналниот Рипост, провладин унгарски таблоид финансиран од владини реклами. Тој подоцна станува клучен играч во медиумската експанзија на провладини унгарски медиуми на Балканот, отворајќи медиуми во Словенија и Македонија.
Друга мрежа на онлајн медиуми во Македонија, поседувана од друг унгарски државјанин, исто така ги објавува рекламите кои што македонската финансиска полиција ги наоѓа за спорни, иако не е јасно дали рекламите на овие веб страници се дел од истата шема или станува збор за други договори и други трансакции.
Овие медиуми често беа мета на критики дека се пропагандно гласило на Никола Груевски и Виктор Орбан, дека објавуваат дезинформации и спорни содржини кои што се против мигрантите, милијардерот Џорџ Сорос, НАТО, а често беа обвинувани и дека се дел од напорите се руско влијание во Македонија.
Рекламите за маслиново масло кои постојано се емитуваат на Алфа веќе се предмет на истражувања и во унгарските медиуми. Документите на партнерите покажуваат за прв пат како огромните суми за реклами се префрлале во Македонија во про-орбановите медиуми.
Искусни експерти за маркетинг ги прегледаа договорите и фактурите до кои дојдоа ИРЛ, OCCRP, Остро – Словенија и Директ 36 од Унгарија. Сите тие потврдија дека во овие договори не можат да најдат смисла и економска логика.
Извештај, односно пријава на Финансиската полиција во Македонија ги опишува транскциите на Шатц вака: “базирани на сомнителни фактури за продукти кои не постојат на македонскиот пазар”. Овој документ вели дека парите доаѓаат од извршено кривично дело и се легализирани преку компании во Северна Македонија. Ова е, всушност, известување кои што Финансиската полиција го испратила во Јавното обвинителство каде што известува што работат и бара привремени мерки за замрзнување на сметките на македонските компании во сопственост на Петар Шатц со оглед на фактот “дека потеклото на парите е непознато и претставува основа за истрага за перење пари согласно македонското законодавство”. Сепак, не е јасно за какво кривично дело станува збор, дали парите доаѓаат од коруптивни активности, дали се “исцедени” од државни фондови во Унгарија. Единствено е јасно дека потеклото е непознато.
Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми потврдува дека истрагата се води, а дојавата стигнала од финансиското разузнавање кое што во комуникација со колегите од Словенија добило информација за пренос на сомнителните средства. ИРЛ доби потврда од повеќе обвинители во ОЈО дека знаат за случајот, но не добивме официјална информација зошто не се постапува по барањето за замрзнување сметки. Словенечките институции за нашите партнери во Остро и официјално потврдија дека во Словенија се води истрага уште од 2018 година, а којашто се однесува на сомнежите за нелегално финансирање на медиуми за политички цели. Детали не беа споделени.
Парите кои што се пренесуваат од Словенија во Македонија доаѓаат во време кога и двете земји се соочуваат со нови избори, а пријателските партии на Виктор Орбан се стремат повторно да ја преземат власта. И во двете држави е нелегално странски држави да финансираат политички партии, но не е нелегално да се финансираат медиуми.
Повеќе на ИРЛ тука.