Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17345

Виничанецот кој избегал од инфективно во штипската болница, полицијата го чува во домашна изолација

$
0
0

Виничанец попладнево дошол во штипската болница да се тестира дали има коронавирус, а потоа побегнал и си отишол дома, потврдија вечерва од Министерството за здравство.

Од МВР рекоа дека лицето го пронашле дома, каде што со лекари го убедувале да се врати во болницата.

Пациентот и неговата партнерка која е хрватска државјанка пред неколку дена допатувале од Италија. Бидејќи почувствувал симптоми на вирусот отишол да се тестира на инфективниот оддел на болница во Штип. Но, иако докторите му рекле да остане во болницата додека стигнат резултатите, тој го скршил прозорецот од собата во која бил сместен и избегал.

„Лицето е пронајдено во неговиот дом. Ќе остане во домашна изолација додека стигнат резултатите од тестирањето“, велат од Министерството за здравство.

извор: сдк


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17345

Trending Articles