Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17458

ОЈО: Оформен е предмет за заборавените случаи од Вангеловски, јавен обвинител врши проверки во Врховниот суд

$
0
0

Јавното обвинителство за предметот за заборавените стари предмети од поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски за „МКД.мк“ вели дека е одреден јавен обвинител кој веќе ги утврдува фактите.

Во јануари в.д. претседателот на Врховниот суд Фаук Арслани објави дека во кабинетот на Вангеловски биле најдени триесетина стари предмети без донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не.
Од Јавното обвинителство на Македонија велат дека предметот веднаш бил испратен на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје.

-По приемот, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет кој е распореден кај надлежен јавен обвинител. По насоки на јавниот обвинител, започнати се проверки во Врховниот суд во насока на утврдување на фактите- се вели во информацијата од ЈО.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17458

Trending Articles