Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17424

Катица Јанева не се согласува Зврлевски да се меша во парите на Специјалното обвинителство

$
0
0

Законот за платите на јавните обвинители не е во целост усогласен со Законот за специјално обвинителство и претставува мешање во автономијата на Специјалното обвинителство. Таква е накусо реакцијата од Катица Јанева, откако повеќе медиуми објавија дека Владата предлага Закон во кој се вели дека Марко Зврлевски а не специјалната обвинителка ќе одредува колкави ќе бидат додатоците на платата и на помошниците на Јанева. Во одговорите на прашањата на АЛСАТ М, од Специјалното обивнителство потсетуваат и дека нивната институција е производ на широк политички консензус.

katica janeva

„ Јавно обвинителство ги поддржува сите измени со кои се зајакнува положбата на јавните обвинители и нивната независност. Сепак предложениот Закон за плати на јавните обвинители не е во целост усогласен со важечката законска регулатива, односно со Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Имено, постоечката законска регулатива гарантира автономија на ова Јавно обвинителство и финансиска независност, кои се од суштинско значење за успешно функционирање на обвинителството, па било какво мешање во нивно остварување е спротивно на целта заради која е формирано ова Јавно обвинителство.

Укажуваме дека ова Јавно обвинителство е формирано со закон кој е донесен со широк политички консензус и за чие менување потребно е двотретинско мнозинство, па нелогично е овластувањата кои произлегуваат од таков закон да бидат ограничувани со законски прописи за кои се бара обично мнозинство. “- одговорија меѓудругото од Специјалното јавно обвинителство на прашањата на АЛСАТ М.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17424

Trending Articles