Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17387

495.258 имиња проблематични во изборниот список

$
0
0

Близу половина милион спорни гласачи запишани во Избирачкиот список.
По завршената вкрстена проверка на податоците добиени од 11 релевантни државни и јавни институции, експертите на Државната изборна комисија (ДИК) во својата анализа констатирале дека сегашниот Избирачки список е проблематичен за над 490.000 запишани гласачи, информираат дипломатски извори тесно вклучени во процесот.

izbiracki_spisok_4 Според проверките и вкрстени анализи, податоците покажале дека за барем 54.000 запишани избирачи во Избирачкиот список нема никаков издаден биометриски документ од соодветните институции, чие пак поседување е услов за некој граѓанин да го оствари правото да гласа.

Дополнително, сондирање и вкрстувањето на податоците покажало дека најголеми отспаки има во добиените податоци од базите на Министерството за внатершни работи, споредбено со добиените бази од сите други институции. Истовремено првичната анализа на ДИК покажала дека само кај 1 милион запишани избирачи има несовпаѓа (отстапки) во дадените адреси и имиња дури кај една третина.

Според Информатичките експерти, најверојатно е дека ДИК ќе треба да избрши теренска проверка минимум кај 343.000 лица кои не се појавуваат и повторуваат во другите списоци кај другите институции освен во избирачкиот. Токму поради вака утврдените податоци и сериозни отстапки, добиени по пат на сериозна вкстена анализа кај која нема простор за импровизации, сега членовите на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ бараат дополнителни проверки со контролни тестови и ги проблематизираат добиените резултати, потенцира нашиот извор.

Според дипломатите повеќето индиции и сомнежи со ваквата релевантна анализа се потврдуваат и сега е време сите актери и релевантни чинители да ги прифатат бројќите и почнат т со сериозни теренски проверки.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17387

Trending Articles