Вечерва членовите од владеачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во ДИК на колегите од СДСМ им ковертирале нова понуда, да прифателе дека сомнителни за теренска проверка биле 135 илјади.

СДСМ инсистира да се почитува извештајот од вкрстената проверка на базите од државните институции кои покажаа фрапантни бројки на спорни и фантомски гласачи во избирачкиот список.
Претходно вечерва владеачките ВМРО ДПМНЕ и ДУИ одбивале да биде усвоен извештајот од вкрстувањето кој покажа речиси половина милион сомнителни на избирачкиот список и дури 156 илјади лица кои ги немало ни во базара на податоци на МВР. Преговорите околу конечна одлука да може да се премине на втората фаза односно теренска проверка, според извори на Либертас траат и доцна вечерва. Преговорите ги следеле и амбасадорите на ЕУ Аиво Орав и на САД Џес Бејли.
Либертас претходно објави изјава од висок функционер на СДСМ според која одбиле само 70 до 80 илјади сомнителни за теренска проверка и јавно кажале дека ке се повлечат од ДИК и нема да прифатат пазарења. Споре нив мора да биде усвоен извештајот кој по вкрстената проверка ги покажал фрапантните бројки од речиси половина милион сомнителни гласачи на избирачкиот список.