Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Трка со рокови –Собранието треба да се распушти на 7 април, а ДИК допрва на терен

$
0
0

Изборните рокови притискаат, тензиите растат. За изборите да се одржат на 5 јуни, според законскиот рок, парламентот треба да се распушти на 7-ми април. Дотогаш остануваат само десет дена и незавршени обврски. ДИК дури од денеска ќе ја започне теренската проверка на околу 89.000 неконзистени гласачи, која ќе ја спроведат 374 анкетари. Се` уште се прават консултации дали и како ќе се проверат 124.000 гласачи, за кои првично беше одлучено дека нема бидат предмет на теренска проверка. Ако се има предвид дека гласачите кои нема да бидат затекнати од анкетарите на адресата на живеење, потоа ќе треба сами да се јават во подрачните единици на ДИК, извесно е дека дека теренската проверка ќе потроши дополнително време. Притоа, не е утврдена методологијата со која констатираните спорни гласачи ќе се бришат од списокот. За дел од нив тоа ќе може да го стори МВР, но ако за дел треба да се спроведе управна постапка, тешко е да се предвиди колку тие процедури ќе го пролонгираат процесот, пишува Дојче веле.

sobranie

Токму доцнењето со прочистувањето на Избирачкиот список беше една од причините поради кои во февруари се одложија изборите закажани на 24-ти април. На можна реприза на ваквата состојба сѐ почесто предупредуваат аналитичари и претставници на дипломатскиот кор во земјата.

„Времето е кратко, а има уште многу работа да се заврши“, изјави германската амбасадорка во Скопје, Кристине Алтхаузер.

„Државната изборна комисија треба да биде поддржана од сите институции за да ја заврши работата навреме. Вкрстените проверки се направени, договорени се теренски проверки. Сега клучната работа е имплементацијата. Понатаму, веднаш е потребна јасна методологија за тоа како да се отстрани тоа што нелегитимно е впишано во Избирачкиот список. Уште многу работа е потребна“, вели Алтхаузер.

Ако се погледнат изјавите од ДИК во изминатите два месеца, евидентно е дека нивните оптимистички прогнози не се потврдија во реалноста. Ниту за брзината на вкрстената проверка на базите со податоци, ниту за рокот за нејзино завршување. И теренска проверка почнува подоцна од очекуваното.

Во место тапка и остварувањето на другите неопходни услови за фер-избори, кои беа оценувани од гарантите на пржинскиот договор – ЕУ и САД. Во однос на регулацијата на медиумите и одвојувањето на партијата од државата, до денес нема никаков напредок. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најави дека до Собранието ќе достави предлог-закон за медиумите, но неизвесно е дали тој ќе добие поддршка од пратениците во краткиот период што останува до распуштањето на Собранието. Во собраниска процедура требаше да влезат и измените на т.н. закони за „бомби“ и за „свиркачи“, по стручното мислење што за нив го даде Венециската комисија. Брисел и Вашингтон апелираа тие измени да се имплементираат пред да се распушти Собранието, но тој апел до денес е проследен со молк од страна на власта.

ДИК да се изјасни пред 7-ми април!

Според изјави на амбасадорите во Скопје, гарантите на Договорот не кренале раце од исполнувањето клучните критериуми. Во однос на реформските медиуми, Избирачкиот список и одвојување на државата од партијата, амбасадорката Алтхаузер очекува нивна реализација.

„Неопходни се одлуки и мерки кои треба да се донесат и преземат. Ќе повторам тие треба да бидат донесени, и да бидат преземени што е можно поскоро. Очигледно е дека преговорите за медиумите во соработката со медијаторот од ЕУ Питер Ванхауте завршија. Сега процесот треба да биде рестартиран, треба да почне. Како ќе се случи тоа, треба да одлучат сите инволвирани партии. На крај, на партиите останува да ги донесат потребните одлуки. ЕУ, земјите членки на унијата, САД може да понудат помош, но одлуката ја носат партиите кои се инволвирани“, изјави Алтхаузер.

Заради создавање услови за фер-избори, кои ќе бидат признати и од домашната јавност и од меѓународната заедница, политичари и аналитичари укажуваат дека неколку дена пред датумот за распуштање на Собранието треба ДИК да излезе со официјален став дали може навреме и квалитетно да го прочисти и ажурира Избирачкиот список. Од таа изјава да зависи дали ќе се промени одлуката за избори или ќе распушти парламентот, и кој ќе ја преземе одговорноста за тоа.

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Trending Articles