Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Скицирање на режимот

$
0
0

 

Работата на Катица, поточнo на СЈО, ја следам како и секој граѓанин кој посакува да живее во држава во која институциите на правната држава ќе го штитат граѓанинот од аздисана власт.

aco kabranov

По храброста на Заев да обелодени дека режимот за да има целосна контрола масовно прислушкувал со години што го аргументираше со цел серијал од тие таканаречени “бомби“ за кои властам фатена на дело,барем колку што јас разбирам, што друго ако не,ги прогласи за сечени, лепени, монтирани и слични глупости. Притеснет од бомбите Груевски тури потпис во присуство на меѓународната заедница дека за да се расчистат “муабетите“ во бомбите кои наведуваат на секаква злоупотреба од позиција на моќ, да се формира со закон Специјално обвинителство – СЈО.

Да не должам, очекувано беше СЈО да биде таргет на кој власта во самоодбрана ќе стрела. Впрочем, лично Никола Груевски од партиски митинг ги повика неговите фанови Катица да ја третираат како “сејачка на магла“.

Нејсе, кој сее магла и бега од одговорност, има време, верувам ќе се докаже.

Што сработи до сега Катица и дали треба да бидеме задоволни?
Јас иако не сум правник, мислам ДА. Чинам дека СЈО полека но аргументирано ја црта СКИЦАТА НА РЕЖИМОТ кој една деценија Македонија ја има како приватна прчија.

Првиот случај беа изборни измами, нерегуларности, издадени лични карти без покритие и слично. Тоа, колку што разбрав, треба да докаже како ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ создале идеален модел за крадење на волјата на граѓаните кому му доверуваат да ги владее.
Вториот случај беше ТОРТУРА. Многумина па и јас во првиот момент некако издишав,очекувавме нешто крупно, криминали, провизии и слично. Но, сепак мислам дека во скицирањето на режимот ТОРТУРА баш одговара. Значи прво крадење на волјата на граѓаните, па ТОРТУРА за воведување страв,никој да не смее да писне за власта особено за најмоќниот во фамилијата. Во секоја демократска држава тортурата односно измачување,понижување и нанесување на физичка и душевна болка на граѓанинот од официјални лица на власта, е тешко кривично дело. Затоа кога размислив, на тортурата баш и беше местото во скицата одма по изборните измами.

Еве ја денеска ТВРДИНА. Да да и таа одговара во скицата, но пред се, во битката за разобличување на грдото лице на власта. Мора да се утврди, судски се разбира, кој е прислушкувачот иако тоа чинам и на малите деца веќе им е јасно.

Велат дека иако ги ништеле, ги кршеле и газеле машините на кои масовно сме биле прислушувани,странски експерти сепак нашле траги со кои ќе се докаже дека се прислушувало од машините кои власта мислела дека ги уништила а со тоа и доказите дека центарот бил нашето УБК.

Во деновите и месеците што следат сите ќе чекаме на Катица и нејзините обвинители. Правдољубивите ќе ги храбрат, виновниците ќе направат сè да ја спречат. Вака како што е тргнато, верувам дека СЈО баш фино го скицира режимот, за оние неверниците де „кои што крекаат дека во Македонија нема режим“.

Замислете во скицата по ТВРДИНА, случајот Нешковски и прикривањето на неговото убиство. Ке имаме јасен цртеж за власт која ги краде изборите,не владее со страв и не контролира со прислушкување и кога и се случува убиство од некој нејзин со обидела да го скрие дури и од семејството на убиениот.

Јас навивам заради вистината во СЈО и нејзиното штотуку започнато “скицирање“ на режимот. За да не ни се повтори никогаш повеќе од било која друга власт.

Ацо Кабранов


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Trending Articles